Бразилецот Каземиро не е среќен во Манчестер јунајтед и наскоро би можело да си замине и да се пресели во потопли краишта, конкретно во турскиот Галатасарај.
Галатасарај откако го зеде напаѓачот Виктор Осимен на позајмица од Наполи, се амбицира да привлече уште ѕвезди, па го побарал Каземиро на позајмица, а желбата може и ќе им се исполни доколку Црвените ѓаволи го договорат Адриен Рабио, кој уште е слободен играч и нема клуб.