Галатасарај нема да има никакви шанси во истанбулското дерби

Фенербахче против Галатасарај е дербито кое сигурно ќе биде во сенка на дуелот меѓу Манчестер сити и Ливерпул, но тоа е едно од најголемите градски ривалства и секако дека ќе биде интересно да се погоди како ќе заврши.

Според досегашните типувања на играчите на Спортска прогноза, Фенербахче е голем фаворит за победа затоа што над 70 отсто веруваат во „кец“, за нерешено се 24 отсто, а малку повеќе, од само пет отсто очекуваат Галатасарај да ги освои трите бода.

Освен истанбулското дерби, уште шест средби од понудените 13 дуели за ова коло се со изразени фаворити, додека останатите се понеизвесни.

Како и во секое коло така и оваа недела, главната премија за погодени 13 фикса, односно Среќна 13-ка е мобилен телефон „ајфон 12“. За 12 и 11 погодени следуваат вредносни ваучери од по 1.000, односно 500 денари во Sport Life.

Едноставно, вреди да бидете дел од беслнатната игра Спортска прогноза и затоа не чекајте, туку прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести