30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Галатасарај сака да купи уште една ѕвезда на Баерн Минхен

Турскиот шампион Галатасарај ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае, објави турскиот медиум „Фанатик“. Истанбулскиот клуб наскоро ќе испрати официјална понуда до германскиот гигант со цел да го донесе јужнокорејскиот репрезентативец уште летово.

Баерн не ја исклучува можноста за продажба на Ким, особено ако добие понуда која финансиски ќе ги задоволи. Следните денови се очекува да бидат клучни за развојот на трансферот, кој може да биде еден од најзначајните потези на Галатасарај во летниот преоден рок.

Досега, Галатасарај веќе го донесе Лирој Сане, а наскоро се очекува и официјална потврда за трансферот на Виктор Осимен од Наполи.

Ким Мин-Јае се соочуваше со хронични болки во ахиловата тетива низ целата мината сезона и нема настап од крајот на април. Беше на клупата за натпреварите против Фламенго и Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство, но не доби минути.

Неговиот договор со Баерн трае до летото 2028 година, а се проценува дека вреди околу 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести