Голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген постигнал договор за трансфер во турскиот гигант Галатасарај. Ова го тврди весникот „Фанатик“ во Турција.
Искусниот чувар на мрежата ги договорил личните услови со Галатасарај, а сега останува само турскиот тим да се договори околу трансфер сумата која ќе треба да ја добие Барселона, за да се комплетира овој премин.
Тер Штеген е еден од капитените на Барселона, а минатата сезона пропушти голем дел поради повреда на коленото. Откако се врати во составот, Тер Штеген разочара со својот одмос. Одби да лета во Милано на реванш мечот против Интер во полуфиналето од Лига на шампиони, откако разбра дека нема да биде во стартниот состав.
Искусниот германски голман е во Барселона од 2014 година, а актуелниот договор му истекува во 2028 година. Галатасарај верува дека ќе успее да го комплетира трансферот на Тер Штеген нудејќи му плата од пет милиони евра по сезона.