Барселона се обидува по секоја цена да го продаде Марк-Андре тер Штеген, но гермснкиот голман не е расположен да си замине од „Камп Ноу“. Сепак, последните информации говорат дека раководството на Галатасарај подготвува офанзива за потписот на Германецот, нешто кое сигурно дека ќе ги израдува во Каталонија.
Сепак, приоритет за Галатасарај во моментов е задржувањето на Виктор Осимен, односно откупувањето на неговиот договор од Наполи, а дури потоа ќе започнат и официјални преговори со раководството на Барселона, но и со менаџерскиот тим на Тер Штеген.
Гигантот од Босфорот во Германецот гледа идеална замена за Фернандо Муслера, со кого неодамна се разделија.