Галебите раширија крилја и приредија гест за почит кон 24-годишен фудбалер што ја заврши кариерата поради срцеви проблеми

Замбиецот Енок Мвепу е вклучен во фудбалската Академија на Брајтон, а англискиот премиерлигаш приреди гест за почит кон 24-годишниот фудбалер, кој мораше предвреме и млад да ја заврши кариерата поради срцева мана.

Мвепу ќе биде тренер во Академијата на популарните Галеби, кои не го оставија играчот на цедило и го задржаа кај себе, но сега во поинаква улога.

https://twitter.com/OfficialBHAFC/status/1608742310413586432?s=20&t=0upNFvcNYXJhs_0sF0f8qA

На 24-годишниот Замбиец неодамна му беше дијагностициран проблем со работата на срцето и на 10 октомври објави дека ја завршува фудбалската кариера.

Играше четири години за австрискиот Ред Бул Салцбург и лани се пресели во Брајтон, клуб со кого потпиша четиригодишен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести