Директорот на Монца, Адријано Галијани, не гледа ништо лошо во тоа што „полуде“ од радост кога неговиот тим изедначи на 2-2 против Интер во 93-та минута и освои голем бод против фаворитот.
Телевизиските камери го уловија легендарниот потпретседател на Милан како паѓа во екстаза во ложата на стадионот кога Монца даде гол за реми.
„Мојата прослава е прослава на дете кое преди 70 години одеше на стадион со мајка му за да ја гледа Монца. Кога неговиот тим влезе во Серија А после 110 години од формирањето на клубот и првпат играше против Интер, нормално е да се полуди од радост при израмнување во 92-ра минута. Бев во транс. Сакам да кажам дека немаше ништо против Интер во моите невоздржани изблици, имам добри односи со нивното раководство. Треба да разберете дека до 2017-та година, дербијата на Монца беа со Ренате, а сега игравме со Интер пред 14.000 гледачи. Кога го купивме клубот, доаѓаа само по 200 души да гледаат. Кога израмнивме во саботата, си помислив дека сонувам“ – изјави Галијани.