Извршниот директор на Монца, Адријано Галијани, упати остра порака до своите играчи со оглед на фактот дека тимот е на дното во Серија А со само 10 бода во првата половина од сезоната.
Според него, тимот е способен да освои уште најмалку 25 бода за да го задржи местото во италијанската елита.
„Ако некој не верува во потфатот, слободно може да си замине“, им порачал Галијани на играчите.
„После 50 години работа во фудбалот, научив дека зборовите, особено кога работите одат на лошо, немаат вредност. Значи не треба зборови, туку само исполнување на целите. Во првата половина од минатата сезона успеавте да соберете 25 бодови. Токму тоа треба да го направиме во вториот дел од оваа сезона. Ако некој од вас мисли дека ова е невозможно и нема намера да го вложи своето срце, глава и душа во овој напор, ве молам нека ми се јави вашиот агент и да видиме дали е можна итна разделба. Тоа е сè што сакав да кажам. Не ми се јави ниту еден агент, значи сите сакаат да останат. Остануваат уште 19 натпревари, тешко ќе биде, но мора да се обидеме“, рече легендарниот потпретседател на Милан, а сега директор во Монца.