Галтие и официјално си замина од ПСЖ, се очекува промоцијата на новиот тренер

Екипата на ПСЖ денес и официјално преку социјалните мрежи информираше дека Кристоф Галтие не е повеќе тренер на Светците.

Педесет и шестгодишниот тренер само по една сезона си заминува од клупата на ПСЖ, а тимот го предводеше на вкупно 50 натпревари во сите конкуренции. Забележа 34 победи, 6 нерешени резултати и 10 порази, со вкупна гол-разлика од 120:53.

За денес е најавена прес-конференција на која се очекува презентацијата на новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике.

- Оглас -

Најнови вести