Тренерот на ПСЖ се стави во одбрана на Лионел Меси, откако беше исвиркан од публиката, а неговиот тим поразен на домашен терен. Кристоф Галтие во изјава за француските медиуми рече:
„Не можам да ги разберам критиките кон него. Чекаме Меси или Мбапе да го решат натпреварот. Тој ја води нашата игра, се обидува, се труди, затоа има и толку изгубени топки. Сепак, не смееме да очекуваме од нив двајца да ја завршат целата работа сами. Според мене, свирежите немаат смисла бидејќи Меси направи многу во првиот дел од сезоната, погодуваше и делеше асистенции. Впрочем и другите треба да помогнат многу повеќе на теренот.“
Навивачите на ПСЖ не можат да му ја простат на Меси елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите. Договорот помеѓу Аргентинецот и клубот од Париз завршува налето, но нов договор сè уште не е потпишан. Според реакциите, се поставува и прашање дали воопшто е паметно Меси и ПСЖ да ја продолжат соработката.