Галтие на промоцијата: Ќе се преземаат мерки кон играчите кои му штетат на проектот

Пари Сен Жермен го претстави Кристоф Галтие како нов тренер на екипата. Францускиот стратег го напушти тимот на Ница и потпиша двегодишен договор со Светците, заменувајќи го Маурицио Покетино.

На официјалната прес-конференција Галтие истакна дека му е огромна чест што ќе работи со фудбалери од светска класа како Меси, Нејмар и Мбапе. Иако уште се нема запознаено со играчите, Галтие упати предупредување до оние кои ќе му штетат на клупскиот проект.

„Огромна е честа да се предводи овој голем клуб. Целта е јасна, сакаме да бидеме најдобри на светот, кон тоа се движи целиот проект. Му се радувам на предизвикот што ќе работам со квалитетна екипа која е составена од фудбалери од светска класа. Но, едно треба да знаат, дека секој оној што ќе му штети на клупскиот проект, ќе се преземат мерки против него. Она што можам со сигурноста да го кажам е дека ќе играме атрактивен и напаѓачки фудбал“, истакна Галтие.

- Оглас -

Најнови вести