Доколку се утврди дека обвинувањата на адреса на тренерот Кристоф Галтие за расизам се вистинити, веднаш ќе добие отказ во клубот во којшто работи, Пари Сен Жермен.
Некогашниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние, откри дека Галтие додека бил тренер на Ница, се жалел дека во тимот има многу црнци и муслимани и дека тоа не ја отсликувала реалноста во градот и желбата на навивачите. Фурние рекол и дека има доказ за ваквите изјави на Галтие во еден мејл.
Газдите на ПСЖ се муслимани од Катар, а според некои француски медиуми, претседателот Насер Ал Келаифи многу се налутил кога слушнал за ова и ако се потврдат зборовите на Фурние, Галтие ќе биде разрешен. И навивачите на ПСЖ бараат Галтие да биде избркан. Но, поголем проблем за Галтие е што ќе му биде залепена етикета на расист и тешко дека ќе си најде клуб каде било во Франција или Европа.