13.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Гана е петтиот учесник од Африка на Светското првенство

Селекцијата на Гана стана петтата африканска репрезентација што обезбеди пласман на Светското првенство во фудбал 2026 година. Тоа се оствари по победата со 1-0 над Коморските Острови. Вредниот погодок го постигна Мохамед Кудус во второто полувреме.

По триумфот во Акра, Црните ѕвезди собраа вкупно 25 поени од 10 натпревари во групата, оставајќи го второпласираниот Мадагаскар зад себе со шест поени помалку. Мадагаскар мораше да победи против Мали за да ги задржи шансите за првото место, но загуби со 1-4 во Бамако.

Пред Гана, своето место на Мундијалот 2026 веќе го обезбедија селекциите на Алжир, Египет, Мароко и Тунис.

- Оглас -

Најнови вести