Гана го искористи ремито на Камерун за првото место

Гана како првопласирана ќе игра во нокаут-фазата откако ја оствари првата победа воопшто на овој шампионат, со 2-0 над Гвинеја Бисау. Со погодоците на Ајев и Томас во вториот дел, Гана направи 4-2 вкупна гол-разлика и тие беа доволни за премиерните три бода, односно пет вкупно по трите меча.

Камерун по вторпат ремизираше без голови во групите, овојпат против Бенин, па иако имаат еднаков број бодови со Гана, како второпласиран закажа осминафинален дуел против Нигерија.

Од 21 часот се играат преостанатите два меча од групната фаза: Ангола – Мали и Мавританија – Тунис.

 

- Оглас -

Најнови вести