Репрезентацијата на Гана доби огромно засилување и веќе и официјално е дека Ињаки Вилијамс, еден од најпознатите шпански фудбалери, ќе игра за популарните Црни ѕвезди.
По долг период на преговори, шпанскиот Херкул кончено прифати да настапува за земјата од којашто има потекло, односно државата во која се родени неговите родители.
https://twitter.com/Williaaams45/status/1544381100415262720?s=20&t=Rh5IlDGJpuckYd-P7Al8KA
Ињаки е жива легенда на Атлетик Билбао и фудбалерот што урна рекорд со над 200 натпревари на кои настапи без прекин и во серија во Ла Лига.
Затоа го нарекуваат челичниот човек, а и приказната на неговите родители е интересна и пример за голема животна битка.
Заедно таткото и мајката на Ињаки ја имаат пеш минато пустината Сахара за да стигнат во Шпанија, каде што е роден нивниот син.
Играше еден меч за шпанската репрезентација во 2016 година, а сега одлучи да настапува за Гана, селекција која доби големо засилување со 28-годишниот фудбалер.