21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Гана скапо го плати првиот црвен картон на Афкон (Видео)

Џон Боје е првиот исклучен играч на Африканскиот куп на нации, а неговиот непромислен и непотребен гест скапо ја чинеше Гана.

Популарните црни ѕвезди водеа со 2:1 против Бенин, но Боје одлучи да калкулира со изведување на слободен удар во 54. минута и беше казнет со втор жолт картон, што е автоматско исклучување.

Само девет минути подоцна Мајкл Поте го постигна својот втор гол на мечот и втор за Бенин, израмни на 2:2 и им донесе многу радост на своите соиграчи и еден бод во дуелот со фаворитот.

Боје ги казни своите соиграчи и сега ќе мора и дополнително да паузира на еден меч и тоа во дербито на групата Ф против актуелниот шампион Камерун. Тој меч ќе се игра во Исмаилија на 29. јуни.

https://streamable.com/lkgo1

- Оглас -

Најнови вести