29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Гарабаја: Едвај чекам да ја почувствувам атмосферата во ЛШ во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе ја отворат новата сезона во Лигата на шампионите на домашен терен против Загреб.

За тимот на Пелистерци ова е прва сезона под раководство на новиот тренер Рубен Гарабаја, кој го наследи Раул Алонсо. Пред дуелот, Гарабаја изрази нетрпение да ја почувствува атмосферата во Битола.

„Загреб е конкурентен тим со одлична одбрана, особено во средината. Ние треба да ја наметнеме нашата игра и да настапиме како во подготовките. Се радувам на атмосферата во Битола, сите ми зборуваат за тоа и сакам навивачите да уживаат во нашата игра“, изјави Гарабаја.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб е закажан за утре, со почеток во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести