4.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Гарет Саутгејт е можна замена за Рубен Аморим на клупата на Манчестер јунајтед?!

Минатата сезона беше катастрофална за Манчестер јунајтед откако клубот заврши на 15-тата позиција во Премиер лигата, а го загуби и финалето на Лигата на Европа. Црвените ѓаволи под водство на Рубен Аморим и оваа сезона не играат ништо подобро од претходната.

Во првенството се на 14-тото место само со седум бода од шест меча, а во Лига купот беа елиминирани од четвртолигаш. Веќе долго се шпекулира дека Рубен Аморим може да си замине, а сега како најсериозен наследник се споменува поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт.

Тој е без работа малку повеќе од една година, по напуштањето на кормилото на Гордиот албион по Европското првенство 2024 година. Претходно ја предводеше и младата селекција на Англија, а на клупски план беше тренер само на Мидлсборо.

- Оглас -

Најнови вести