Гарначо има само 18 години, а веќе играл во ист тим и со Кристијано Роналдо и со Меси

Алехандро Гарначо вчера стана десеттиот аргентински фудбалер кој заиграл во ист тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

За разлика од другите, Гарначо најмлад имал чест да биде на терен како соиграч со двете легенди кои го одбележуваат фудбалот во последните 20-тина години.

Гарначо има само 18 години и веќе може да се пофали дека делел терен со Роналдо во Манчестер јунајтед и со Меси во дресот на аргентинската репрезентација.

Истата комбинација ја имале и Габриел Хајнце, Карлос Тевес и Лисандро Мартинес. Аргентинци кои играле со Роналдо во Реал Мадрид беа: Фернандо Гаго, Езекиел Гарај, Гонзало Игуаин и Анхел ди Марија. Пауло Дибала му беше соиграч на Роналдо во Јувентус, а листата од 10-мина Аргентинци кои играле и со Роналдо и со Меси ја затвора Гонзало Пити Мартинес од Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести