Гарначо: Не ми се веруваше дека дадов таков гол

Аргентинскиот тинејџер Алехандро Гарначо е во фокусот на фудбалската јавност откако постигна фантастичен гол во победата на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Евертон. Требаше да поминат помалку од три минути за Гарначо да постигне погодок со ножички, кој многу ретко се гледа на фудбалските терени и најчесто тоа го прават најдобрите.

Гарначо, кој има само 19 години, признава дека кога ги направил „ножичките“, не бил свесен дека постигнал гол.

„Да бидам искрен, не можев да поверувам дека топката заврши во мрежата. Во прв момент не ни знаев дека е гол, само ја слушнав реакцијата од трибините и тогаш си реков: О, Боже! Уште е ноември, но сигурно ова ќе биде еден од головите што ќе ја одбележи сезоната. Многу сум среќен“, вели Гарначо.

Последен пат навивачите на Манчестер јунајтед на ваков погодок се имаа израдувано во 2011 година, кога Вејн Руни погоди во дербито против Манчестер сити. Овој погодок на Гарначо многу наликува на тој на Руни.

„Точно е дека голот многу наликува на тој што го даде Вејн Руни. Не можам да кажам кој е подобар. Двата се неверојатни“, потенцира Гарначо, кој влезе во друштво на Руни, Кристијано Роналдо, Герет Бејл… кои постигнувале толку атрактивни погодоци.

- Оглас -

Најнови вести