Гарначо не можеше да молчи, „удри“ директно на тренерот Аморим

Еден од најплатените фудбалери во Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо, можно е во летниот преоден рок да си замине од „Олд Трафорд“. Гарначо признава дека тимот имал очајна сезона, а посебно беше лут и разочаран по синоќешното финале во Лигата на Европа, кога Манчестер јунајтед загуби со 1:0 од Тотенхем.

На синоќешното финале на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, аргентинскиот репрезентативец беше резерва. Тренерот Рубен Аморим реши на местото на Гарначо во стартниот состав да го стави Мејсон Маунт. Гарначо во игра влезе во последните 20-тина минути, кога Манчестер бркаше негатива, но не успеа да постигне гол и на крајот загуби.

„Искрено на сите им е тешко. Ова беше катастрофална сезона за нас. Никого не победивме во првенството. Што се однесува до мечевите во Лигата на Европа, играв на секој меч до финалето и му помагав на тимот да дојде до тука. И, кога дојде финалето, јас ги одиграв само последните 20 минути. Не знам зошто беше тоа така“, рече разочараниот Гарначо.

Можно е Манчестер да го продаде Гарначо, а неговата цена на фудбалскиот пазар се проценува меѓу 60 и 70 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести