Манчестер јунајтед е блиску да го продаде Алехандро Гарначо откако медиумите на Островот објавија дека Аргентинецот веќе се договорил со Челзи. Сега останува уште клубовите да најдат заеднички јазик и трансферот официјално да биде потврден.
Вредноста на Аргентинецот се проценува на 45 милиони евра, а договорот со Црвените ѓаволи му е со важност до 2028 година, па Челзи ќе мора да го одврзе ќесето ако сака да го донесе на „Стемфорд бриџ“.