Гарначо си оди од Манчестер јунајтед, иако Аморим вели нешто друго

Манчестер јунајтед во моментов игра меч против Астон Вила, а во составот на Јунајтед ги нема Андре Онана и Алехандро Гарначо.

Според многумина, ова е доказ дека клубот веќе не смета на нив. Девојката на Гарначо, Ева, на Инстаграм објави дрес од нејзиното момче и напиша „Последен меч“. Гарначо не е ни на клупата, па нема да добие прилика да се прости со фановите.

Но, менаџерот Рубен Аморим не мисли дека аргентинското крило ќе си оди.

„Гарначо не е во составот денеска, но тој останува играч на Манчестер јунајтед. Тој че биде со нас на претсезонската турнеја. Ни требаат сите играчи, сакаме да им се оддолжиме на навивачите со нешто позитивно“, изјави Аморим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести