36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Гарнет им даде совет на Нагетс како да му помогнат на Јокиќ да освои титула во НБА

Легендата Кевин Гарнет изјави дека сака да го види Демиен Лилард во Денвер нагетс и смета дека тој трансфер би можело да им помогне на Грутките да ја освојат титулата во НБА-лигата.

Лилард е лидер на Портланд трејлблејзерс, цела кариера е таму, има одлична статистика, но тој тим нема реални шанси да се закити со шампионски прстен, па многумина сакаат Лилард да замине и да се бори за трофејот.

Гарнет е веројатно најдобриот играч во историјата на Минесота тимбервулфс, но својата единствена титула ја освои како член на Бостон селтикс.

„Сакам Лилард да оди кај Јокиќ во Денвер и да ги гледам како играат пик-ен-рол. Сакам да го видам во ист тим со некој од најдобрите високи играчи во Лигата, како Јокиќ, Ентони Дејвис, Карл Ентони Таунс, кој и да е“, рече Гарнет.

- Оглас -

Најнови вести