Гарнет за кошаркарите од екс-Ју просторите: „Тие тука доаѓаат од војна, оделе во школо кога паѓале бомби“

Легендите на НБА-лигата, Кевин Гарнет и Пол Пирс, гостуваа на поткаст, а главна тема за „расправа“ им беа кошаркарите од Европа, посебно оние коишто доаѓаат од просторите на поранешна Југославија.

Пирс тврдеше дека европските кошаркари, а посебно Србите и Хрватите, се „помеки“ за разлика од Американците, но Гарнет не се согласи со него.

„Човече, тие доаѓаат од војна, тие доаѓаат од ситуација кога во школо оделе, иако околу нив паѓале бомби. Сериозен сум. Зборувам за Србите и Хрватите, за играчите од такви места“, рече Кевин Гарнет.

Сепак, со ова не се согласи Пол Пирс, кој продолжи да го брани својот став, но Гарнет повторно се обиде да го убеди во спротивното.

„Европјаните доаѓаат тука од потполно поинаков начин на живот. Кога ќе го минеш нивното минато, а јас играв со многумина такви кошаркари, тие се помеки само во смисла дека не се агресивни како Американците. Тие својата агресивност ја покажуваат на поинаков начин, ние не можеме како нив.“ додаде Гарнет.

- Оглас -

Најнови вести