Гасол е пребирлив, но барем е искрен: Сакам да играм за тим со шампионски амбиции

На Марк Гасол му заврши соработката со Торонто репторс, па од понеделник ќе може да преговара за нов ангажман како слободен агент. Шампионот од 2019 година е пребирлив, но барем е искрен бидејќи потенцираше дека не секоја екипа може да ги добие неговите услуги.

„Нема смисла да играм за клуб кој е во фаза на реконструкција. Не би сакал на средина од сезоната да бидам меѓу губитниците, така што нема да уживам во играњето кошарка. Имам амбиции, сакам да играм за тим кој ќе се бори за титулата. Подобро да бидам во ситуација каде што ќе можам да ѝ помагам на екипата да стигне до врвот, отколку да бидам преоптоварен со порази“, исткакна Гасол.

Помладиот од браќата Гасол, на 35 години е во потрага по трет клуб од НБА-лигата, откако во поголемиот дел од кариерата го носеше дресот на Мемфис гризлис, а во сезоната 2018/19 се пресели во Торонто, каде што го освои првиот шампионски прстен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести