Баерн Минхен ја победи Барселона со 82:72 и го расипа кам-бекот на Пау Гасол, кој повторно играше за Каталонците по 20 години пауза. Ветеранот и легенда на светската кошарка се врати во својот матичен клуб по долгиот настап во НБА лигата за неколку клуба, но нема да го памети враќањето по добро.
Баерн славеше со десет поени разлика и си го потврди настапот во плејофот за титулата, каде ќе игра Барселона, како првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Евролигата.
Гасол постигна 9 поени и имаше четири скока, а клулни за победата на гостите беа првиот и последниот период од мечот што ги добија убедливо.
.@paugasol makes the first basket of his return!
Nothing But Net.#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/hFvkOfAdH7
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 9, 2021
Рејнолдс беше најефикасен кај Баерн и на мечот со 26 поени, пред неговите соиграчи, Балдвин со 18 и Лучиќ со 14 поени.