Ќерката на Коби Брајант, Џана, која загина во трагичната хеликоптерска несреќа заедно со легендата на ЛА лејкерс, пред три дена требаше да го прослави 14-от роденден. Загубата на Коби и Џиџи остави длабока трага на целата кошаркарска и спортска сфера, но секако најмногу пати неговата сопруга Ванеса.
Како мала утеха, блискиот пријател и поранешен соиграч на Коби, Пау Гасол, заедно со сопругата испратија роденденска торта до Ванеса во чест на Џиџи за да го прослават нејзиниот роденден иако таа веќе не е со нив.