Гасол испрати роденденска торта до сопругата на Коби на денот кога Џиџи требаше да го прослави 14-тиот роденден

Ќерката на Коби Брајант, Џана, која загина во трагичната хеликоптерска несреќа заедно со легендата на ЛА лејкерс, пред три дена требаше да го прослави 14-от роденден. Загубата на Коби и Џиџи остави длабока трага на целата кошаркарска и спортска сфера, но секако најмногу пати неговата сопруга Ванеса.

Како мала утеха, блискиот пријател и поранешен соиграч на Коби, Пау Гасол, заедно со сопругата испратија роденденска торта до Ванеса во чест на Џиџи за да го прослават нејзиниот роденден иако таа веќе не е со нив.

- Оглас -

Најнови вести