Марк Гасол во Репторс како дете на прв ден во училиште

Шпанскиот центар Марк Гасол, после победата над Њујорк никс, изјави дека во дресот на Торонто репторс се чувствувал како прваче на училиште.

Олеснителна околност му е што пред да дебитира за канадскиот тим, тој разговараше со помошникот тренер на Репторс, Серџо Скариоло, кој му беше селектор во шпанската репрезентација. Други познати „фаци“ му беа Кајл Лаури со кого играа заедно половина сезона, и Каваи Ленард со кого водеа тешки битки на западот додека Ленард играше за Сан Антонио.

Гасол кој досегашната 11-годишна НБА кариера играше за Мемфис гризлис, откако стана член на Торонто, имаше 7 поени и 6 скока за 19 минути, и даде скромен придонес во триумфот. За Никс, ова е 16-ти пораз по ред, што е изедначување на неславниот клупски рекорд (иста ваква црна серија имаа и во сезоната 2014/2015). Њујорк сезонава ги загуби сите 17 натпревари на кои даде помалку од 100 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Кливленд 105:90, Атланта – Шарлот 120:129, Њујорк – Торонто 99:104, Бостон – ЛА Клиперс 119:123, Чикаго – Вашингтн 125:134, Мемфис – Њу Орлеанс 99:90, Хјустон – Оклахома сити 112:117, Милвоки – Орландо 83:103.

- Оглас -

Најнови вести