Гаспарт: Повеќе сакам референдум за независност на Каталонија отколку Барселона да ја освои Лигата на шампионите

Бизнисменот Жоан Гаспарт, кој беше претседател на Барселона од 2000 до 2003 година, времиња во кои резултатите на тимот не беа баш најдобри, но беше еден од најдобрите потпретседатели, изјави дека повеќе сака референдум за независност на Каталонија отколку Барса да ја освои Лигата на шампионите.

„Барселона може да ја освои ЛШ една година, ако не наредната, може да се обиде повторно. Клубот секоја година е во тоа натпреварување и има многу шанси. Референдумот е само еден. Ако на тој референдум одговорот биде „не“, ќе немаме право да се жалиме и да бараме независност во наредните барем 100 години“, вели Гаспарт.

Интересно е што иако со оваа изјава делува дека е сепаратистички настроен, Гаспарт лично би гласал против независност на Каталонија, а и ако исходот биде поинаков, би останал таму да живее.

Гаспарт уште не може да се помири со трансферот на Луиш Фиго од Барселона во Реал Мадрид во 2000 година. Фиго беше капитен и најдобар играч на Каталонците, па неговиот премин во најлутиот ривал беше шокантен.

„Фиго беше предавник, ме изигра. Истата вечер кога ме избраа за претседател, Фиго ми се јави и ми рече да се најдеме на аеродром бидејќи имал два билети, еден за Мадрид, друг за Барселона. Ми рече дека неговиот застапник потпишал документ со Реал, но ако Барса веднаш му даде гаранција од три милиони евра, ќе остане. Потегот на Флорентино беше генијален“, изјави Гаспарт.

Португалецот Фиго побарал банкарска гаранција за која знаел дека не може да ја добие веднаш бидејќи сето ова се случувало на полноќ, кога банките не работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести