Гасперини го нападнаа дека калкулирал и намерно загубил во Суперкупот

Аталанта беше поразена од Интер во полуфиналето на Суперкупот на Италија, тимот од Бергамо не прикажа игра на каква што се навикнати неговите фанови, а можеби причина за тоа е и комбинираниот почетен состав во којшто ги немаше Лукман, Де Кетеларе, Едерсон, Џимшити, играчи кои редовно се стартери во Лигата на шампионите и Серија А.

Тренерот Џанпјеро Гасперини негираше дека намерно загубиле откако почнаа да го напаѓаат за калкулирање.

„Се обидовме да победиме против многу силен противник. Интер максимално ги искористи нашите грешки. Имаме многу играчи, а имаме и напорен распоред на натпревари. Воопшто не експериментирав со составот. Суперкупот дојде во вистинско време за да играат играчите кои многу придонесоа за тимот, а одиграа релативно малку во споредба со другите. Не може Де Кетелаере и Лукман да играат 90 минути на сите 56 натпревари во сезоната. Брешанини, Самарџиќ и Ѕаниоло, кои беа стартери вечерва, не се непознати“, се бранеше Гасперини.

Откако го загубија полуфиналето, момците од Бергамо сега можат да се вратат дома бидејќи нема натпревар за третото место.

- Оглас -

Најнови вести