Тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини не штедеше пофални зборови за игата на Интер, нивниот прв ривал во 2025 година. Аталанта и Интер ќе играа утре во меч од полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.
„Тоа е многу важен меч. Во првенството имавме одлична низа од 10 победи, но ова е дуел од друг тип. Се игра само еден меч, 90 минути во кои мора целосно да се биде фокусиран. Интер е најсилниот тим во Италија во последните три години. На последните два меча против нив, многу страдавме. Ако Интер прв даде гол, тогаш е многу тешко да се избегне пораз“, рече Гасперини.
Аталанта загуби на шесте последни меча од Интер, а во двата дуели во 2024 година Нераѕурите победуваа со убедливи 4:0.
Од друга страна, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги потенцираше дека Аталанта е опасен ривал и дека неговите избраници мора да одиграат најдобро што знаат ако сакаат да се пласираат во финалето. Инѕаги потенцираше дека целта на Интер секогаш е да атакува на освојување на трофеи.
Во второто полуфинале од Суперкупот на Италија ќе играат Јувентус и Милан. Овие дуели се играат во Саудиска Арабија.