По комплетирање на првото коло во Серија А, екипата на Аталанта го зазема првото место, и тоа благодарение на убедливата победа од 4:0 против Лече. Со овој триумф Аталанта потврдува дека и оваа година ќе биде тим за висок дострел, но и дека брзо е заборавен поразот од Реал Мадрид (0:2) во Суперкупот на Европа.
По победата над Лече, тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, имаше посебена причина да биде задоволен затоа што со трите освоени бода овој докажан стратег влезе во едно одбрано друштво.
Гасперини е само петтиот тренер во историјата на Серија А кој успеал да освои барем 550 бодови и тоа предводејќи само еден тим. Гасперини досега има освоено 552 поена во италијанското првенство како предводник на Аталанта и се најде во друштво на докажани стратези со ист подвиг.
Ерера како предводник на Интер има освоено 557 поени, исто колку што има освоено и Карло Анчелоти како предводник на Милан. Сигурно е дека Гасперини ќе ги надмине овие двајца, но пред него ќе останати уште две тренерски легенди. Масимилијано Алегри со Јувентус освои 663 поени, а прв на оваа листа е Џовани Трапатони, кој со Јувентус има освоено неверојатни 770 поени.