0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Гасперини ја мина магичната бројка во Серија А

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини, стана третиот тренер во историјата кој ја достигнал границата од 1000 освоени поени во Серија А. Овој историски успех е забележан по победата на Рома со 0-2 на гости против Лече во натпреварот од 19-тото коло на италијанското првенство.

Според статистиката на „Опта Спорт“, во ерата со три поени за победа (воведена во сезоната 1994/1995), само двајца други тренери ја поминале оваа граница пред Гасперини. Тоа се сегашниот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, и тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.

- Оглас -

Најнови вести