Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, во пресрет на дуелот со Реал Мадрид вечерва во Бергамо верува дека ниту еден тим не може да се нарече фаворит кога игра против Кралскиот клуб.
Божицата е во подобра форма во моментов од Реал, но Гасперини сака да го намали притисокот врз својот тим и потсетува дека загубија од Реал во европскиот Суперкуп во август, но очекува поразличен меч од тој во Варшава летоска.
„Ниту еден тим не може да се нарекува себеси фаворит кога игра против Реал Мадрид. Ќе излеземе да одиграме одличен натпревар на нашиот стадион. Ова е фантастичен настан за луѓето од Бергамо. Ќе биде поразличен меч од тој во Суперкупот. Пласманот, каков што е во моментов, е привремен. Размислувањето дека Аталанта е супериорна во однос на Реал Мадрид е малку претерано. Претпазливи сме, еуфоријата околу нас е малку претерана“, изјави Гасперини.