Неочекувано, Рома на домашен терен загуби од екипата на Викторија Плзен со 2:1 во меч од третото коло во Лига на нации. За Рома ова е трет пораз во последните четири, а тренерот Џанпјеро Гасперини, вели дека ситуацијата станува алармантна.
Гасперини посебно потенцираше дека тимот има проблем со постигнување на голови, што јасно се покажува и на последните четири меча кога римскиот тим вкупно даде два погодоци.
„Треба да почнеме да бидеме загрижени. На почетокот, евтино ја губевме топката, но одбраната е единственото нешто што нè држи на површина во моментов. Тие се справија многу добро во спречувањето на опасни контранапади кога остануваше широк простори, па генерално перформансите останаа позитивни. Бевме бавни во завршницата, тоа е вистина. Има многу играчи кои долго време не постигнале гол, па затоа треба да се погледнат во огледало и да се прашаат зошто е тоа така. Тоа е затоа што очигледно има проблеми, ако не реализиравме пенал, немаше повторно да постигнеме гол денес, и покрај тоа што поголемиот дел го поминавме во последната третина од противникот. Треба да размислиме за тоа“, алармира Гасперини.
Викторија Плзен постигна два гола во почетните 22 минути, а до крајот на средбата Рома успеа само да реализира почесен погодок и тоа од пенал преку Дибала.
По три кола во Лига на европа, Викторија Плзен е пријатно изненадување и со седум бодови е на петото место на табелата, додека Рома сега падна на 23 место со само три бодови.

