Гасперини распали по арбитражата: Го уништуваат фудбалот

Аталанта ќе мора да брка еден гол негатива во Мадрид откако вчера загуби со 0-1 од Кралевите во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите.

Божицата повеќе од 70 минути играше со црвен картон откако германскиот судија Тобајас Штилер го исклучи Ремо Фројлер во 17-тата минута, по што во финишот домаќините не издржаа откако Менди им ја одреди судбината во 86-тата минута.

Џампјеро Гасперини не можеше да се воздржи по натпреварот, па распали по арбитражата без влакна на јазикот.

„Го уништија натпреварот со црвениот картон. Жал ми е што не ни дозволија да играме како што планиравме во мечот кој го чекавме со нетрпение. Не знам со каков резултат ќе завршеше натпреварот доколку игравме 11 против 11, но знам дека судијата ја уништи средбата со претераната реакција да додели црвен картон. Повеќе не знам што е дуел, а што фаул. Критериумите на судење се катастрофални, не знаат која е разликата меѓу дуел и прекршок. Подобро е ваквите судии да си најдат друга работа и да не го уништуваат фудбалот. Во Серија А добив суспензија кога критикував арбитража, ако кажам нешто повеќе УЕФА ќе ме суспендира на еден месец. Сепак, ова е самоубиство на фудбалот. Не може судии кои никогаш не играле фудбал да делат правда. Работата им е толку олеснета, имаат право да прегледуваат снимки и пак прават кардинални грешки. Подобро натпреварите да ги судат луѓе кои играле фудбал и ја разбираат играта“, распали Гасперини.

Реваншот во Мадрид е предвиден за 16 март.

- Оглас -

Најнови вести