Гасперини со сендвич фрлаше по навивачи на Милан (Видео)

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ги загуби нервите по провокациите кои му ги упатија навивачи на Милан. Гасперини бил во својот автомобил кога фанови на Милан решиле да го провоцираат, а во еден момент тренерот на Аталанта кон нив фрла со сендвич.

Аталанта викендов загуби од Милан со 2:0 на „Сан Сиро“, во меч на кој по пауза речиси од една година на теренот се појави и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

По досега одиграните мечеви во Серија А, Аталанта има 41 бод и е на шестото место на табелата, додека Милан е трет со 47 поени.

- Оглас -

Најнови вести