3.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Гати го спаси Јуве од пораз на „Олимпико“ (Видео)

Во дербито од 27-то коло на Серија А, Рома и Јувентус одиграа драматичен натпревар на „Олимпико“ кој заврши 3-3. Старата дама остана непоразена, иако домаќините водеа со 3-1.

Рома можеше да поведе уште во третата минута, но голманот Перин спаси експресен гол. Следеше уште една голема шанса во 24-та минута, но Мален не успеа да го совлада Перин по одлично додавање од Манчини.

Првиот погодок за Рома дојде во 39-та минута кога Весли погоди од шеснаесетникот за 1-0, а веднаш на почетокот од второто полувреме Консеиcао со неверојатен удар донесе израмнување, 1-1.

Рома возврати во 54-та минута со погодок на Ендика по корнер, а 11 минути подоцна Мален ја зголеми предноста на 3-1.

Јувентус се врати во игра во 78-та минута со гол на Жереми Бога за 3-2, а во третата минута од судиското продолжение Федерико Гати израмни на 3-3, ставајќи точка на спектакуларното дерби.

- Оглас -

Најнови вести