Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, е свесен за важноста на пласманот на Аѕурите на Светското првенство 2026 и даде интересна изјава на оваа тема.
„Доколку Италија не се квалификува за Светското првенство во 2026 година, ќе се иселам од земјата. Веќе живеам доста далеку, но ќе заминам уште подалеку“, рече Гатузо.
Италија е четирикратен светски првак, но не играше на последните две светски првенства, што е катастрофа за нив, а може да им се случи да пропуштат и трето СП по ред.
Шансите за прво место во групата им се само теоретски (во последние две кола им треба или кикс на Норвешка против Естонија или да ја победат Норвешка со повеќе од 10 гола разлика).
Затоа пореално е Италијанците да се обидат да се најдат на СП на потешкиот и подолг начин, преку баражите во март следната година. Овие баражи беа кобни за нив во 2018 и 2022 против Шведска, односно против Македонија, и иако ќе бидат фаворити и сега, ќе постои страв од неочекуван пораз кој ќе значи ново отсуство од СП.