Џенаро Гатузо на првото излегување пред новинарите како тренер на Олимпик Марсеј изјави дека негова цел е тимот да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Олимпик Марсеј по шест кола во Лига 1, се наоѓа на осмото место на табелата со девет освоени бода, четири помалку од лидерот Брест.
„Олимпик Марсеј е единствениот француски тим кој триумфирал во Лигата на шампионите и знам дека постојат високи вредности. Главната цел е Европа, во мојот договор има клаузула која е поврзана со квалификациите во Лигата на шампионите, така што имам максимален интерес да бидеме меѓу најдобрите четири екипи, во спротивно ќе си ги спакувам куферите и ќе си одам дома. Мора да мислиме само на следниот натпревар и навивачите да бидат задоволни од тоа како ќе играме. Сакам да имам играчи кои добро ќе ги испотат своите дресови на секој натпревар“, изјави Гатузо, кој дојде на местото на Марселињо, кој си поднесе оставка.