Гатузо е на голема мака – Оспина му подари гол на Имобиле за победа на Лацио (Видео)

Лацио го победи Наполи во дербито во Серија А, со голот на Чиро Имобиле, но директен виновник за поразот на гостите е голманот Оспина.

Искусниот чувар на мрежата му ја подари топката на Имобиле, а репрезентативецот на Италија погоди во 82. минута за победа на Лацио.

https://www.youtube.com/watch?v=lwkQ_lI3Vjk

Лацијалите ја забележаа десеттата победа по ред, во меч на кој Имобиле го постигна 20. гол во Серија А, а големи маки сега има Џенаро Гатузо.

Тренерот на Наполи има само една победа на четири меча, откако беше назначен за тренер на актуелниот вицешампион на Италија.

Елиф Елмас играше од 88. минута за Наполи, но немаше време да помогне за да се избегне нов пораз.

Лацио, кој денеска го славеше 120. роденден остана на третото место со 42 бода, три помалку од водечкото дуо во Серија А, Интер и Јувентус. Наполи со 24 бода е на десеттото место.

- Оглас -

Најнови вести