4.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Гатузо е свесен: Нема како да ја победиме Норвешка со 9:0

Италија е четирикратен светски првак, но селекција која отсуствуваше од последните два Мундијали. Аѕурите и сега се во незавидна ситуација, затоа што уште немаат обезбедено место на планетарниот собир и едноставно се во опасност трет пат во низа да го пропуштат најголемиот фудбалски репрезентативен собир кој е еднаш во четири години.

До крајот на квалификациите, за Италија останува да го одигра само уште мечот против Норвешна која е првопласирана. Калкулациите покажуваат дека Италија мора да победи со 9:0 ако сака да скокне на првото место во групата и директно да обезбеди место на Мундијалот. Сепак, селекторот на Италија, Џенаро Гатузо е свесен дека таков резултат е невозможен.

„Невозможно е да победиме со 9:0. Точно е дека во фудбалот никогаш немој да велиш никогаш, но сепак треба да бидеме реални. Ние ќе излеземе на теренот и горди ќе ги браниме националните бои. Ако играме паметно и со самодоверба може да стигнеме до добар резултат. Победа од 9:0 е многу, но никогаш не вели никогаш“, рече Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести