Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи и некогашната фудбалска ѕвезда на Милан, направи потег кој ги воодушеви сите во Италија. Гатузо на сите им покажа како треба да се однесуваат оние кои претходно имаат собрано доволно пари, па многу полесно ќе ја поминат кризата за време на пандемијата од корона-вирусот.
Голем дел од луѓето во Италија сега се соочуваат со економска криза поради тоа што не одат на работа и не може да добијат плата. Во Наполи беше решено сите да се откажат од 20 отсто од платите, но Гатузо направи џентлменски потег. Тренерот изјави дека до крајот на сезоната се откажува 100 отсто од својата плата, а тие пари да бидат пренасочени на оние луѓе во клубот што се задолжени за обезбедување, за одржување на чистотата на терените и на стадионот, како и за луѓето во администрацијата.
По овој потег на Гатузо, сите тие луѓе кои и немаат анстрономски плати, нема да имаат намалување на платите благодарение на тренерот на Наполи. Гатузо месечно има плата од 125.000 евра.