Гатузо е загрижен, а Инсиње разочаран – Следните два дена му се клучни за настап против Барселона

Лоренцо Инсиње е разочаран по повредата на мускулот на ногата во самиот финиш на дуелот со Лацио и сега неговиот настап против Барселона на „Камп Ноу“ на 8. август е неизвесен.

Инсиње излезе од игра во 84. минута поткривнувајќи и со болна гримаса на лицето што  загрижувачко за сите во Наполи. Клубот го чека можеби и најважниот меч во сезоната, реванш-осминафиналето во Лигата на шампионите за шест дена во Шпанија.

Наполи ќе патува за Барселона со резултат 1:1 од првиот меч, но ако не игра Инсиње шансите за подвиг и пласман во четвртфиналето драстично ќе се намалат.

„Инсиње разговараше со докторот, но ќе мора да почекаме да се направи магнетна резонанца. Следните два дена ќе бидат клучни. Се надевам дека повредата не е тешка и дека Инсиње ќе игра против Барселона“, изјави Џенаро Гатузо.

Во Наполи стравуваат и по првичната реакција на напаѓачот, кој беше очигледно разочаран и гестикулираше дека повредата не е наивна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести