Гатузо ги смрзна скапите засилувања на клупа, во Топ-5 е и Елиф Елмас

Италијанските медиуми со доза на критика кон тренерот Џенаро Гатузо ги потенцираа петмината фудбалери кои стратегот на Наполи и буквално ги смрзна на клупата во досегашните 14 кола во новата сезона во Серија А, а меѓу нив е и Елиф Елмас.

Дијамантот на македонскиот фудбал играше само 402 минути, но и тоа е најмногу од сите „заборавени“ играчи на Наполи од Рино Гатузо.

Критиката е насочена кон шефот на стручниот штаб кој ја заврши годината без победа на три меча по ред, а се потенцира дека Елмас е скапо платен, над 16 милиони евра.

„Изненадување е што Елмас играше малку, но кај него за Гатузо има мало оправдание, поради паузата на македонскиот репрезентативец по проблемите со Ковид-19“, пишува „Туто Наполи“.

Најмалку играше Фернандо Љоренте, само 20 минути и тоа на последниот дуел во 2020 година против Торино. Во топ-5 малку користени, а скапо платени фудбалери се и Малкуит со само половина час минати на терен, потоа и Лоботка со 308 минути, а беше платен дури 25 милиони евра и Гулам со 311 минути.

Во предвид не е земен и Аркадиуш Милик, кој е во немилост и кај Гатузо, но и кај раководството на Наполи, па веројатно и ќе биде продаден, или позајмен во друг клуб во зимскиот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести