Гатузо ги замолкна критичарите, за 90 минути стана добар тренер

Триумфот на Наполи од 2-1 против Јувентус за навивачите на овој клуб од јужниот дел на Италија значи многу повеќе само од три бода. Совладан е тимот кој најмногу го мразат, тимот во кој се „предавниците“ Маурицио Сари и Гонзало Игуаин, тим кој сите во Италија сакаат да го победат, но ретко кој успева. Ова беше втор пораз за Јуве сезонава, по оној од Лацио во Рим.

Серијата лоши резултати на Наполи придонесе да му се бара замена на тренерот Џенаро Гатузо, кој „врска нема“, но сега откако ги победи Сари и Јуве, никој не помислува на такво нешто.

Популарниот Рино за победата им се заблагодари на играчите, а го истакна Зјелински.

- Оглас -

Најнови вести