Гатузо го помина „кастингот“ кај Буфон, ситници го делат од селекторското место во Италија

Поранешниот фудбалер и италијански репрезентативец, а сега тренер кој до неодамна работеше во сплитскиот Хајдук, Џенаро Гатузо, е фаворит за преземање на селекторското место во националниот тим на Италија.

По заминувањето на Лучано Спалети, на Италијанците им се брза што поскоро да најдат нов селектор. Според италијанските медиуми, Гатузо веќе разговарал со Џанлуиџи Буфон, кој е шеф на делегацијата во националниот тим. Средбата била позитивна.

Денеска 47-годишниот Гатузо ќе има директни преговори со претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, на кој ќе му ги презентира своите идеи за изгледот на новиот проект.

Преговорите влегуваат во завршна фаза, па веќе се смета дека договорот со Гатузо е речиси завршена работа, се спомнува и кои ќе му бидат помошници на популарниот Рино. Станува збор за легендарните дефанзивци на Јувентус, Леонардо Бонучи и Андреа Барѕаљи.

Бонучи годинава зеде тренерска Б лиценца на УЕФА и помошник е на селекторот во У-20 репрезентацијата на Италија, а Барѕаљи кратко му помагаше на Маурицио Сари во Јувентус и има искуство од работење во младинските селекции.

 

- Оглас -

Најнови вести