20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Гатузо го спомна Елмас во изјавата после мечот со Перуџа

Тренерот Џенаро Гатузо конечно му даде шанса на Елиф Елмас да игра цел меч за Наполи, а после дуелот со Перуџа во Купот на Италија, изјави дека македонскиот фудбалер не е навикнат да игра 90 минути. Наполи победи со 2-0, со два гола во првото полувреме.

„Игравме добро 40 минути, а не сум задоволен од второто полувреме. Малку и паднавме физички, па почесто грешевме во вториот дел. Фудбалерите дадоа максимум, дури и тие кои не се навикнати да играат 90 минути како Елмас. Напредуваме, но патот е долг до таму каде што сакаме да бидеме“ – изјави Гатузо после неговата прва победа како тренер на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести